Средба на раководството на МВР со претставниците на Одделот за специјални полициски операции

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со дополнителниот заменик на министер Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска во полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“ имаа работна средба  со раководните структури на сите организациони единици во рамките на Одделот за специјални полициски операции, на кој присуствуваа и претставниците на репрезентативниот полициски синдикат.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, средбата била посветена на тековното работење на Единиците во рамки на Одделот и начините за што поефикасно функционирање во претстојниот предизборен период.

– Денешниов состанок имаше за цел да покаже единство на највисокото раководството на МВР во делот на донесување одлуки од значење на службата и да ги охрабри припадниците на службите дека единствено преку доследно почитување на законските надлежности и професионалните стандарди во секојдневното работење, полицијата и полициските службеници  можат  да ја градат и оправдаат својата позиција, доверба и кредибилитет меѓу граѓаните, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он