Кузмановска: СДСМ продолжува да бара виновници за катастрофалниот пораз на 24 март, секаде само не кај себе

Од:

Го очекувам колегата Менде по неуспешната градоначалничка авантура да си се врати во пратеничките клупи, рече Лилјана Кузмановска, пратеничка во Собранието на РМ.

СДСМ продолжува да бара виновници за катастрофалниот пораз на 24 март, секаде само не кај себе.
Виновни им се институциите, Државната Изборна Комисија која ја раководи нивни човек, домашните и странски набљудувачи, па дури и гласачите. Целиот народ е виновен само не тие, додаде таа.

Продолжуваат со агресивност, повикување на борба, револуција, ширење омраза, оспорување и омаловажување на се што е вредно. За да го покријат срамот од големиот пораз на Менде Диневски во Битола кој со разлика од дури пет и пол илјади гласови веќе загуби од Владимир Талески, се откажаа од неговата таканаречена програма и сега презентираат сликовници, ги нарекуваат „бели книги“ само и само да извалкаат колку што можат повеќе, заклучи Кузмановска.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ