САД планираат да потрошат 167 милијарди долари за нуклеарно оружје до 2025 година

Од:

Пентагон планира да побара речиси 167 милијарди долари од Конгресот на САД, како дел од петгодишниот план за модернизирање и обезбедување на нуклеарно оружје, соопшти Блумберг.

Според агенцијата, американското Министерство за одбрана планира да ги зголемува трошоците за нуклеарно оружје на годишно ниво. Според документите на Министерството, администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира да потроши 28,9 милијарди американски долари за воени програми во фискалната 2021 година (од 1 октомври 2020 година). Агенцијата наведува дека за фискалната 2022 година, Пентагон ќе побара 30 милијарди долари за модернизација на нуклеарното оружје, а за фискалната 2023 година – 33 милијарди долари. До фискалната 2024 година, трошоците за нуклеарен арсенал, според планот на Министерството за одбрана, треба да се зголемат до 37 милијарди долари, а до 2025 година до 38 милијарди долари.

Агенцијата нагласи дека детали за петгодишниот план за модернизација на нуклеарното оружје ќе ги открие министерот за одбрана Марк Еспер, кој денеска ќе зборува за воениот буџет пред Претставничкиот дом.

Според Блумберг, демократите „главно го поддржуваат зголемувањето на трошоците за нуклеарно оружје“.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина