(ВИДЕО) Митрески: Отворивме 60.000 нови работни места, а само преку Оперативниот план оваа година се вклучени 12.000 невработени лица

Од:

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија на дело покажа дека знае како да работи и знае како да обезбеди подобар животен стандард за граѓаните. За само 2.5 години ја стабилизиравме економијата, отворивме нови работни места со што ја намаливме невработеноста и овозможивме унапредување на животниот стандард на граѓаните“, изјави Јован Митрески.

Од партијата соопштија дека СДСМ има визија и знае како од Република Северна Македонија да направи развојна и просперитетна држава.

„Преку отворање на 60.000 нови работни места обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства. Постигнавме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна на 35,3 проценти. Преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица, ќе создадеме клима за отворање нови работни места“, рече Митрески.

За оперативниот план за вработување во 2020 година, СДСМ издвоила рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Според Митрески, ова е најниска стапка на невработеност досега.

Тој очекува дека македонската економија оваа година ќе се унапреди со отворање  на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари.

Од говорницата Митрески истакна дека во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено околу 1200 апликации.

„Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица. Гаранцијата за млади се покажа како успешен проект, вокој се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто. Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За СДСМ  секој граѓанин е важен!“, додаде Митрески.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата