Иако нема заразени, Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради коронавирусот

Од:

Градоначалничката на Сан Франциско, Лондон Брид, прогласи вонредна состојба во Сан Франциско поради загриженост во врска со појавата на коронавирусот.

Иако во Сан Франциско не се потврдени случаи на коронавирус, „глобалната слика брзо се менува и ние треба да ја засилиме подготвеноста“, се вели во соопштението на Брид.

„Гледаме дека вирусот се шири секој ден во различни делови од светот и ги преземаме неопходните чекори за да ги заштитиме граѓаните од било каква штета“, рече таа.

Вонредната состојба треба да им овозможи на градските власти да соберат ресурси и персонал, да ги забрзаат мерките за планирање на вонредни состојби и да ја зајакнат можноста за брз одговор при појава на евентуални случаи на коронавирус.

Ова следува по изјавите и острите предупредувања од здравствените власти на САД во врска со шансите за појава на вирусот во САД.

„Како што вирусот се шири во се повеќе земји, така се потешко станува да се зачува безбедноста на нашите граѓани. Не е веќе прашање дали ќе се случи ширењето на вирусот, туку кога ќе се случи и колку луѓе ќе бидат зафатени“, изјави Ненси Месониер, директорка на Центрите за контрола на болести и превенција.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски