Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје.
„Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известиме јавноста“, велат од Министерството за здравство.
Претходно, тестови беа извршени кај две лица кои допатуваа од Италија и од Дубаи, кои покажаа дека кај пациентите нема присуство на коронавирусот.