Полицијата уште трага по тепачите од фудбалскиот натпревар Албарса – Башкими

Од:

Тројца играчи и двајца навивачи на Башкими од Куманово се здобија со повреди на вчерашниот натпревар против Албарса, кога по завршувањето на средбата билe нападнати од неколкумина домашни навивачи.

На стадионот „Слога“ во скопски Чаир, натпреварот заврши нерешено, неповолно за домашната екипа која „бркала“ победа за влез во Втората лига, по што незадоволните навивачи влегле на теренот и физички ги нападнале фудбалерите на гостинската екипа А.Ф. (21), кој притоа бил повреден со остар предмет, најверојатно нож, во пределот на слабината, Љ.М.(20), Ф.С.(23) и С.Ј.(23). Воедно физички биле нападнати уште две лица од публиката и тоа Н.Р.(33) и А. И.(24), двајцата од Куманово.

Сите повредени биле пренесени во болницта „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани телесни повреди.

СВР Скопје презема мерки за идентификување на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он