(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ моли да не добиеме датум за преговори со ЕУ, тоа е антидржавната матрица на Мицкоски

Од:

„По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е криминална и антидржавна партија. Нивната агенда е непроменлива – да ги загрозат европските аспирации на државата.

Тоа е единствената шанса за извршителот Христијан Мицковски повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал и криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.

Нивен последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Партијата на Мицкоски на средби моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните.

Тоа е антиевропско, антидржавно и антизападно дејствување на дело.

ВМРО-ДПМНЕ никако да научи дека датумот на Северна Македонија ќе и се додели како резултат на успешните реформи и конструктивната дипломатија со Преспанскиот договор.

Европската Унија не доделува датум на партија или на коалиција, туку на државата и на граѓаните, и ова во ВМРО-ДПМНЕ го знаат, но го користат за манипулација со европските лидери и амбасадори.

Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста за тоа што ја покрадоа државата.

СДСМ останува посветена на реализација на стратешките интереси како што е полноправното членство во ЕУ и НАТО.

Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат интегративниот процес на државата нема да успеат. СДСМ, граѓаните, институциите нема да дозволат враќање назад и ќе сторат се државата што поскоро да започне преговори со ЕУ“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“