Во текот на минатата ноќ пожар уништи дел од дивата ромска населба во Бобињи (парискиот регион), без притоа да предизвика жртви, јави дописникот на МИА од Париз.
Според извори од префектурата, пожарот се појавил околу 21 часот во се уште не разјаснети услови. Во пожарот изгорече дванаесет колиби, но пожарот набрзина бил ставен под контрола.
Вчера избувнал пожар и во една друга ромска населба во Хелемс во близината на Лил, во пожарот немало повредени, но притоа биле евакуирани 36 лица.