Мисија на ММФ неделава ќе престојува во Скопје

Од:

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во среда доаѓа во Македонија на редовни консултации со македонски претставници, пишува Капитал.

Во текот на посетата се очекува монетарците извршат и ревизија на двегодишниот аранжман од Кредитната линија за претпазливост од 220 милиони евра. Бидејќи земјата има значаен долг кон Фондот, тоа значи дека ММФ ќе ги стави под лупа политиките на земјата, со особено фокусирање на макроекономските и структурни политики коишто се релевантни за надворешната одржливост.

Како и вообиачено, се очекува монетарците да остварат средби со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов; со министерот за финансии, Зоран Ставрески, со банкарите и со бизнисмените во земјава.

Би можело да ве интересира

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка