Откриен идентитетот на момчињата кои загинаа кај Петровец

Од:

Во синоќешната сообраќајка на патниот правец Скопје- Велес кај селото Петровец загинале штипјаните Стефан Николов (22), Бојан Бочварски (25) и Јани Димитриев (18).

Според МВР, несреќата се случила на 200 метри пред наплатната рампа, кога патничкото возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски таблички изгубило контрола, ја пробило заштитната ограда и завршило во каналот покрај автопатот.

Увидот на полицијата и на истражниот судија траел до раните утрински часови. Денеска се очекуваат подетални официјални информации од полицијата.

zaginati-stip-31-03

Според неофицијални информации, тие биле на свадба кај нивна сограѓанка, пратеничка во македонското собрание.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски