ФОТО: „Barovier&Toso“ – 700 години стаклена магија

Од:

Малку брендови можат да се пофалат со 700 години наследство. Венециската стакларија „Barovier&Toso“ е еден од тие брендови.

Корените на компанијата за производство на стакло датираат уште од 1291 година кога Јакобело, најастариот претставник на семејството почнал работа на островот Мурано. Два века подоцна, неговиот наследник Ангело го измислил венецискиот кристал кој уште во тоа време станал познат по својата проѕирност и лесност.

Во 1878 година фамилијата Баровиер ја основа компанијата „Artisti Barovier“ која по Втората светска војна е преименувана во „Vetreria Artistica Barovier&C“.

Следната ѕвезда беше Ерколе Баровиер, кој ја претставуваше 20-та генерација на ова семејство. Е. Баровиер, занаетчија и љубезен бизнисмен, за време на својот живот имал многу патенти на негово име, вклучувајќи го и топлотниот колорит без фузија.

Во тоа време семејството Баровиер почнува соработка со Тосо фамилијата која исто така имала големо наследство во производството на стакло. Компанијата тогаш го добила називот „Barovier&Toso“.

Денес со компанијата претседава „Јаcopo Barovier“ а за него во главното седиште кое се наоѓа во Мурано, работат 85 вработени. Покрај угостителските објекти, ресторани и приватни клиенти, компанијата соработува со модни салони и произведувачи на накит како што се Dior, Dolce & Gabbana и Cartier

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска