СДСМ: Мицкоски беше најлошиот директор на ЕЛЕМ, тој и Груевски ја поскапеа струјата и го ограбија народот

Од:

„Извршителот Мицкоски, советникот на Груевски за енергетика, беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и водеше катастрофална енергетска политика. Во негово време цената на струјата растеше, а тој со професорска плата стана сопственик на хидроцентрали.

СДСМ за 2,5 години ги реализираше ветувањата дадени кон граѓаните, како што е враќањето на евтината тарифа на струјата, одржувањето на цената на електричната енергија на исто ниво, кое е најниско во Европа“, велат од СДСМ.

„СДСМ го зголеми домашно производство на струја. Сега не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25%, увозот достигна огромни 38%.

ЕСМ (ЕЛЕМ) сега не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

Оваа компанија сега има добивка од 80 милиони евра, за разлика од загубите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ спроведува мерки за засилени инвестиции за гасификацијата, за обвновливи извори на енергија, како фотоволтаични електрани, кои се иднина на енергетиката, а не јагленот, како што сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголеми инвестиции во енергетскиот сектор се извршени во време на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали само со расфрлање на народните пари за барокни згради, споменици и други фикции на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он