(ВИДЕО) Васев: Граѓаните нема да дозволат стечајниот управник Мицкоски и Груевски повторно да ја задолжат државата

Од:

„Зад мене е луксузниот бел дворец, седиште на партија која важеше за најбогата во Европа, а денес партија со огормен долг од 8 милиони евра!

Според признание на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ дека овој долг главно е направен за изборни цели, тогаш се отвора сериозни сомнежи за незаконско работење.

Ако тоа е точно тогаш се прекршени бројни законски прописи“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Стечајниот управник Мицкоски, диригиран од осудениот криминалец Груевски, 11 години ја задолжуваа државата и ги крадеа граѓаните.

За време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бруто надворешниот долг на државава тројно се зголеми за период од 2006 година до првиот квартал од 2017 година.

Токму во периодот на најголема сиромаштија, оваа партија изгради луксузена бела палата, која претставува споменик-симбол на криминал, корупција и режимско владеење.

Замислете, ако својата партија ја задолжиле 8 милиони евра, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и бегалецот Груевски, повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Мицкоски, на 12 април граѓаните нема да ти дозволат ти и твојот шеф Груевски повторно да ја задолжувате и ограбувате државата.

На 12 април граѓаните јасно ќе ти порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он