Јакимовски ќе ја зголеми поддршката за спортот во Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од Српската напредна странка, Стевчо Јакимовски, денеска најави изградба на пет базени по европски стандарди во основните училишта во општината, спортска сала за боречки вештини и ракометно игралиште во ОУ „Братство“.

Јакимовски на денешната средба со повеќе од 200 спортисти, кои ги стипендира општина Карпош, вети и зголемување на парите за поддршка на спортот во општината.

– Досега издвојувавме над 350.000 евра за спортот, а во наредниот период ќе издвојуваме повеќе од 500.000 евра годишно. Со тие средства ќе обезбедиме поддршка на клубовите, целосното воздигнување на одбојкарскиот клуб „Вардар“, шаховскиот турнир „Опен Карпош“, но и стипендирање на спортистите, рече Јакимовски.

Вети и поддршка за сите спортисти од општина Карпош кои ќе настапуваат на натпревари, првенства и турнири надвор од Македонија.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада