Српскиот вицепремиер Расим Љајиќ оцени денеска дека ако на 2. април во Брисел не биде постигнат договор меѓу Белград и Приштина, најмалку за две години ќе биде стопирана европската интеграција на Србија и Владата сигурно ќе биде во тешка позивија ако не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
– Ако нема договор во Беисел, веројатно за Србија ќе биде запрена европската интеграција најмалку за две години поради претстојните избори во Германија и промените во составот на Европската комисија идната година и затоа нема да се занимаваат со Србија, рече Љајиќ.
Тој оцени дека евентуалната реконструкција на Владата и избори по неколку месеци би биле најлоша варијанта за Белград, но за тоа ќе решаваат двете водечки партии во земјата и пред се Српската напредна партија.