(ВИДЕО) Васев: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе и државата и својата партија во долгови, нема да добие мандат од граѓаните да управува со народните пари

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија.

11 години ВМРО-ДПМНЕ, предводена од диригентот Никола Груевски и извршителот Мицкоски ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните.

За време на режимот бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Во истиот тој период, додека граѓаните и државата осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен дворец, симбол на нивниот криминал и корупција.

Сега истата таа партија има долг од 8 милиони евра од кој, според сопствено признание голем дел е направен токму за време на претходното раковдоство.

Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?

Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат Груевски и Мицкоски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.

На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он