Луѓето кои имаат сестри се посреќни

Од:

Луѓето кои имаат сестри се поотворени и попристапни за комуникација и за нив не е проблем да ги споделат своите чувства. Тие исто така се пооптимистични и посреќни, посочуваат новите истражувања.

Научниците од Универзитетот Де Монфорт во Лестер, Англија, и северноирскиот Универзитет Улстер анкетирале повеќе од 570 лица на возраст меѓу 17 и 25 години. Ним им беа поставени психолошки прашања на различни теми, меѓу кои и за психичкото здравје.

Еден од раководителите на истражувањето, професор Тони Касиди смета дека сестрите како индивидуи честопати го сплотуваат семејството, а пак, браќата имаат спротивен ефект.

– Ова се должи на фактот дека мажите имаат природна тенденција да не зборуваат за одредени лични работи, додека жените го охрабруваат тоа. Резултатите се, секако – подобро психичко здравје и посреќен живот, додава проф. Касиди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска