Во зградата на Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување во населбата Хром ќе биде сместено подрачно училиште на училиштето Димитар Поп Георгиев Беровски од Ѓорче Петров, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски при денешната посета на Хром заедно со кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.
Од 1 септември во подрачното училиште ќе бидат сместени две паралелеки, а подоцна тоа ќе се доадаптира и прошири во зависност од потребите на граѓаните.
– Решивме Центарот за обука да се префрли во една од касарните каде што има слободно место, а тука да биде сместено подрачното училиште и на тој начин да се реши проблемот на дечињата и родителите кои живеат во близина и кои се принудени на подолга реалција да ги носат нивните деца поради несогласувањата на градоначалникот на општина Карпош да учат во училиштето Димо Хаџи Димов кое е во непосредна близина, изјави Груевски по посетата на Центарот.
Градоначалникот Миторовски, нагласи, се обиде да го реши проблемот со носење на децата со автобус до училиштетот во Ѓорче Петров кој го финансира општината, но тоа е краткорочно решение, а проблемот се решава со станувањето на оваа зграда подрачно училиште.
– Со тоа се решава и проблемот на вработените во Центарот бидејќи објектот е во близина на станбени згради и детска градинка, а често при обуките се користат и средства кои во некој несреќен случај би можеле да предизвикаат пожар или нешто слично, рече Груевски.
Во општина Ѓорче Петров, додаде, се планира изградба на детска градинка во населбата Дексион, ново средно училиште во наслебата Хром на местото на бараките на гимназијата „Кочо Рацин“, како и уривање на постојните бараки кај црквата Свети Петар и Павле во кои се сместени пожарната и полицијата. На нивно место ќе се направи паркинг што е потребен за околните згради, а пожарната и полцијата ќе добијат нов објект од тврда градба во непосредна близина кој ќе го гради Министерството за внатрешни работи, за што веќе доби бесплатна локација од општината.
Актуелниот и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Митровски истакна дека изградбата на училиштето во населбата Хром е едно од неговите предизборни ветувања кое, посочи, е влезено и во програмата.
– Пред да заврши циклусот на избори ние веќе го реализираме тоа што е ветено. Денеска граѓаните на Хром добија училиште со сместувачки капацитети кои се на завидно ниво и децата од прво одделение веќе во септември ќе почнат да учат тука. Во наредните години постои можност овој простор да се доадаптира и догради заедно со доизградба на градинката со која граничи, рече Митровски.
Потенцира дека местото на Центарот не било соодветно и имало многу барања од околните жители да се премести.
– Еве денеска и тоа барање на граѓаните го реализираме, се со цел да се прошират капацитетите на Центарот и непречено да се одвиваат вежбите со запаливи материјали во некоја од касарните, а обуката да има подобри содржини и можности. Воедно, граѓаните од околината да добијат простор кој ќе биде наменет за училиште и за градинка, рече Митровски.
Проектот за дислокација на пожарната и полицијата, истакна, го немаме во програмата, а ќе се реализра во тековнава година. Со нивната дислокација, додаде, ќе се ослободи коридорот на булеварот „Македонска Војска“ и дворот на црквата Свети Петар и Павле.