ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ги корумпира, злоупотребува и врши притисок врз медиумите во Македонија

Од:

Медиумите под контрола на Зоран Заев изминативе неколку денови во повеќе наврати се фатени „живи“ како шират лажни вести по нарачка од СДСМ кои се во паника од претстојниот изборен пораз, реагираат од ВМРО’ДПМНЕ.

Зоран Заев ги злоупотребува медиумите, а Македонија е жртва на хибриден режим.

1ТВ за која и Заев тврдеше дека е провладина беше претворена во алатка за рекет, политички притисок и изнудување на милиони евра од бизнисмени. Целата јавност слушна дека Зоран Заев знаел и за сумите и за лицата кои се рекетираат, а стоел зад финансирањето на медиумот преку кој работеа неговите соработници Катица Јанева и Боки 13.

МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во „Нет Пресс“ само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите.

Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на „Инфомакс“ Александар Митовски, новинарот и уредникот на „Лидер“ Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија Алфа се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија.

Овој хибриден режим заедно со СДСМ и Заев на 12-ти април ќе паднат од власт. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја ослободи Македонија и медиумите од режимот на Заев.

ВМРО ДПМНЕ ги повикува чесните и професионални обвинители да се охрабрат и да отворат предмет за улогата на Зоран Заев во случајот „Рекет“ и неговата инволвираност во финансирањето и активностите на рекетарската 1ТВ, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ