Кандидатот за градоначалник на Скопје Коце Трајановски денеска имаше средби со жители на повеќе населени места во Кисела Вода, на кои беше придружуван од новиот градоначалник на општината, Билјана Беличанец-Алексиќ, и од носителот на листата на советници и веќе избран член на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев.
Ги слушнаа проблемите на жители од Драчево и им презентираа дел од реализираните проекти во нивните населени места, како и тие што се планирани за во наредните четири години. Жителите најмногу се интересираа за проектот за реконструкција – продолжување и проширување на улица „Борис Трајковски” (поранешна „Првомајска“) кон Драчево.