Крадци затворени во катедралата од свештеникот

Од:

Приказната на свештеникот Филип Боаје од катедралата во Сант-Флур во Кантал, наликува многу на таа на Дон Камилио, тој успева да ги фати во замка крадците на црковните пари, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Свештеникот откако забележал дека двете лица, кои се прикажале како верници во катедралата имале необично однсување, се сокрил ризницата и низ пукнатините на вратата ги набљудувал несекојдневните „верници“.

Откако се уверил дека тие започнале да го празната сандачето во кое верниците оставаат пари, излегол од задната врата на катедралата, го затворил со клуч главниот влез и веднаш ја повикал жандармеријата.

Двајцата крадци на возраст од 35 и 61 година со потекло од Лимож, биле уапсени и при претресот биле пронајдени околи 600 евра во ситни пари и банкноти.

Случајот забележан за време на празнувањето на католичкиот Великден, му дава друга светлина на настанот. Посебно ако се знае дека годишните донации на верниците на француската католичка црква драстично се намалуваат од година на година. Во Франција, платите на свештениците се од црквата, додека одржувањето на црквите е во рацете на државата и локалните власти. Кражбите на вредни религиозни предмети во Франција е честа појава.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт