Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник на Скопје, ги потсети Коце Трајановски и оние кои се на власт дека и денеска ги даваат истите ветувања како во 2009 година.
Заборавија, рече Макрадули дека и во 2009 година ветуваа луна парк и гасификација.
„Гасификацијата ја ветуваат многу партии но СДСМ знае да ја направи. Жителите на Ѓорче Петров ќе се затоплуваат на парно, а енергенсот ќе биде гасот кој ќе дојде по потпишување на партнерскиот однос со ГА-МА.Цените се 14,51 евро по метар. Сите фантомски и мегаломански проекти од Ставревски паѓаат во вода. Градот со 50 процнти ќе ги субвенционира сите што ќе се одлучат да го користат гасот. Сите ќе имаме ќар, ќе плаќаме пониски сметки а и околината ќе биде почиста“, рече Макрадули.