Нови паркинг места во Дебар Маало

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ и директорката на ЈП „Паркинзи“ на општина Центар Маргарита Бакев ги информираа граѓаните на Дебар Маало дека ќе добијат нови 130 паркинг места наменети за гости.

Новите места се наоѓаат на паркингот на Градежен факултет, а граѓаните ќе може да ги користат од утре. Со паркинг-просторот ќе стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи“ на општина Центар и ќе работи од 17 до 7 часот.

– На оваа локација е предвидена изградбата на паркинг просторот кој ќе биде составен од две нивоа под земја – горниот дел ќе биде уреден со урбан парк, многу зеленило и детско игралиште во форма на срце, наречен Парк на љубовта, кој во иднина ќе претставува центарска атракција, информира Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“