Нападнат домот на кандидатот за градоначалник на Виница

Од:

Рано изутрина околу 5 часот, пред семејната куќа на кандидатот за градоначалник на Виница од Сојузот за иднината за Виница, Венцо Вуинов се случил напад и насилие врз кандидатот и неговото семејство.

Нападот го извршиле четири лица од кои предводник бил Роберт Зафиров од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со лицето Виктор Анакиев и Драган Вучков сите активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Виница, уште едно лице кое беше со нив не е идентификувано и успеало да избега, рече за А1он, Венцо Вуинов.

Кога дошле пред куќата почнале да викаат со навредливи зборови и да се закануваат по живот и безбедноста на Вуинов и неговото семејство, како и да фрлаат со камења и стаклени шишиња кон куќата и автомобилот на кандидатот.

Истовремено приклучна приколка која стоела на патот  ја ставиле врз автомобилот на Вуинов при тоа го оштетиле.  Ова дивеење траело половина час при што било вознемирено и уплашено семејството на кандидатот и соседите. По ова таткото на Вуинов заедно со двајца соседи решиле да се спротистават и напагачите се дале во бегство, но на стотина метри од семејната куќа на Вуинов успеале да го блокираат патот и да ги спречат во бегството.

Вуинов ја алармирал полицијата, која реагирале за 10 минути и тројца од четворицата насилници се приведини. Направен е увид од полицијата на местото и констатирано дивеењето и материјалната штета, известен е јавниот обвинител и тројцата во моментов се во притвор.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада