Повеќе од 1.500 рокери тргнаа од Белград за Косово

Од:

Повеќе од 1.500 рокери тргнаа денеска од Белград за Косово со специјална мисија. Целта на рокерите, кои се од Србија, Македонија, БиХ, Црна Гора и Русија е да им изразат поддршка на косовските Срби.

„Вечерва, откако рокерите на мотори ќе пристигнат во Косовска Митровица, ќе се одржи рок концерт. Заминавме за Косово со нашите гитари. Цел ни е да ги поддржиме и охрабриме нашите сонародници на Косово и ќе се бориме за тоа до последната капка бензин. Нашата мисија е специјална. Со патувањето рокерите сакаат да покажат дека Косово секогаш ќе биде на Србија и не е можно да биде одземено“, изјави лидерот на клубот „Харли Дејвидсон Србија“ Милич Радевиќ.

Освен гитарите, рокерите на Косово ќе однесат и лекови, кои ќе ги донираат во локалните болници, а ќе биде организирана и акција за дарување крв.

Мисијата на рокерите е поддржана и од Српската нафтена компанија НИС, која на сите учесници во акцијата им обезбедува бесплатно точење на бензин на бензиските станици на оваа компанија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он