(ВИДЕО) Костадинов: Законот за ЈО обезбедува резрешница на предметите каде осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДСМ како главна партија во извршната и законодовната власт преку законски решенија создаде услови за независно и професионално правосудство.

Со Законот за Јавно обвинителство се оформува независен обвинителски систем преку кој се отвора патот за судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка.

Дополнително, со законот се создадени услови да се продолжат активностите на јавните обвинители во врска со десетина случаи кои произлегуваат од нелегалното прислушување и кои се во фаза на истрага“, рече Костадин Костадинов, потрпарол и пратеник на СДСМ.

„Со ова се докажува дека извршителот Христијан Мицковски не успеа во намерата да го заштити менторот од Будимпешта, Никола Груевски и другите сопартијци кои допрва ќе се соочат со обвиненија.

Тоа се предмети во кои како осомничени се појавуваат функционери на ВМРО ДПМНЕ. Досието Моќник во кое осомничен е Антонијо Милошоски, предметот Актор во кој за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Понатаму, случајот Империја во кој се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, предметот Друмарина со Силвана Бонева, досието Пациент со Бујар Османи, како и други случаи кои имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди.

Сега е појасно зошто ВМРО ДПМНЕ силно се противеше на законот и зошто беше во мисија да го заштити својот и криминалот на Никола Груевски.

Затоа СДСМ маршираше за правда, затоа што од наша страна се исполнети сите услови за брза и ефикасна завршница, и на судските постапки и на започнатите истраги. Сега на ред е правосудниот систем кој мора да заборави на 11 годишната режимска пракса кога функционираше под закани, нарачани притвори и телефонски пресуди.

Сега никој ништо не им може на судиите и обвинителите. Ние како одговорна и демократска власт јавно им укажуваме дека никогаш, за ниту еден предмет нема да им се јавиме и да им сугерираме да судат спротивно на доказите. Ги охрабруваме да ги спроведат сите закони кои се донесоа во изминатите две години, а кои значат реформа во правосудството.

СДСМ создаде законски услови да завладее правдата и правната држава, затоа сега редно е ослободените обвинители и судии според словото на законот и според материјалните докази да ги убрзаат сите започнати постапки“, изјави Костадин Костадинов, потрпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски