Пет деца на возраст од 2 до 10 гoдини загинаа во изминатат ноќ во пожар во семејна куќа во Сант-Кантан, 130 км. североисточно од Париз, јавува дописникот на МИА од Париз.
Причините за пожарот не се познати. Таткото на децата успеал да се спаси скокајќи низ прозорец и има само лесни изгореници и неговиот живот не е во опасност.
Според Жан-Жак Боаје, заменик префект на Сант Кантан, родителите на децата се разведувале и децата овој викенд се наоѓале на чување кај таткото. Истрагата која е отворена треба да ги утврди причините за оваа семејна трагедија.