Узбекистанската полиција уапси 21 лице осомничено дека е поврзано со исламистичка милитантна група, што е активна во Сирија, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека приведените биле под „идеолошко влијание“ на друг Узбекистанец, кој бил член на групата „Катиба ал-Тахид Вол-џихад“.
Тие планирале да ја финансираат групата и да и се приклучат, се наведува во соопштението на полицијата.
Илјадници луѓе од претежно муслиманскиот поранешен советски регион им се придружија на различни исламистички групи во Сирија и во Ирак кога Исламска држава привремено освои дел од нивната територија.