СДСМ: Над 15.000 граѓани испратија јасна порака – Судството и обвинителството мора да испорачуваат правда за сите!

Од:

„Граѓанскиот марш „Чекориме за правда“ сплоти повеќе од 15.000 граѓани кои имаа за цел да го охрабрат правосудниот систем да воспостави правда, со што ја потврдија заложбата за градење силна правна држава.

Откако мнозинството пратеници го изгласаа Законот за Јавно обвинителство, но и Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за судови и Законот за Судски совет законодавната власт ја исполни својата обврска и испорача уште еден аргумент пред Европската Унија, дека државата е подготвена за неселективна правда и за владеење на правото.

Затоа, главната порака од маршот беше дека сега е ред на правосудниот систем да постапи независно и професионално и да испорача правда, а оние кои ја блокираа правдата се целосно поразени“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се целосно поразени на тема правда. Целата јавност го виде тоа. Затоа треба да се искористи овој момент, сите да се охрабрат, судии, обвинители, поротници! Ослободете се, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту нивните инсталации не ви можат ништо! Граѓаните, нашиот народ од кои што земаме плата, очекува правда – на вас е да ја испорачате правдата во Република Северна Македонија“ повика Заев.

СДСМ преку Законот за Јавно обвинителство овозможува независни обвинителски институции, транспарентни и професионални постапки, завршница на сите предмети и избор на обвинители без влијание на политиката.

„Овде сме со будно око, да следиме и да чекаме правна завршница на сите случаи. Таму каде што има докази очекуваме транспарентни одлуки, по Устав, закон и сопствено убедување на судиите. Затоа сме денеска овде собрани, затоа што ни треба правна држава. Стоиме тука пред црвената линија – и нема да ја преминеме, зашто не смее ниту партија ниту извршна власт да влезе во судска власт! Ние не смееме и нема да се мешаме во судската власт, но имаме обврска да бараме судската власт да се менува и тоа го бараме“- ги охрабри судиите и обвинителите, Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

СДСМ и понатаму останува посветена на реформите во правосудството затоа што наша крајна определба е силен, ефикасен и неутрален судски систем, ослободен од сите партиски влијанија. Тоа ќе ни ја гарантира и европската перспектива што е стратешка определба на Република Северна Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски