(ВИДЕО) Спасовски – Фон Дер Лајен: Честитки за донесувањето на Законот за ЈО

Од:

Претседателот на Владата Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската Комисија, оствари средба со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен.

На средбата на која премиерот Спасовски го придружуваше и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен го честитала донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и сите други реформски закони донесени пред распуштањето на Собранието, стои во владиното соопштение.

Во продолжение на средбата станало збор за извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата на почетокот на март 2020 година, и дека се очекува со овој извештај и со новата методологија да се направи чекор напред во прогресот на интеграцијата земјава.

„Премиерот Спасовски на средбата со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен ја истакна посветеноста на Владата во спроведувањето на реформските потфати, и во имплементацијата на Договорот од Преспа и на Договорот со Бугарија, кои се од посебна важност за иднината на државата. Тој нагласи дека Владата, Собранието и граѓаните направија се што требаше за краток период и дека сега очекуваат, во скоро време, ЕУ да ги донесе вистинските одлуки за почеток на преговорите според новата методологија“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

Ана Ололовска

Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура

Ана Ололовска

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Драган Поповски

Рот: Добра вест од нашите пријатели во Северна Македонија

Драган Поповски

Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во Северна Македонија

Драган Поповски