Зоран Кичеец редовно ги посетувал „Пелистерка“ и „Систина“, покажуваат ПИ-мерките на МВР

Од:

На судењето за случајот „Рекет“ продолжи објавувањето на посебните истражни мерки (ПИМ) за Бојан Јовановски – Боки 13 и осудениот Зоран Милески Кичеец. Тие од 21 јуни па сè до апсењето биле физички следени со ПИ-мерки, за кои не знаеле.

Па така, на 11 јули минатата година, Јовановски отишол во седиштето на „1ТВ“, а Милески бил на паркингот од „Орка Холдинг“, а потоа отишол во зграда каде имало натпис „ТИМ и Пелистерка“. Ова во судницата го кажа обвинителката Вилма Русковска, презентирајќи го извештајот од ПИ-мерките на МВР. Инаку, газда на „Пелистерка“ е Цветан Панделески, лице за кое сведокот Орце Камчев посочи дека исто така му бил изнудуван рекет.

Истиот ден, Милески бил во зградата на обвинителството, вечерта бил во комплексот „Верина“ каде што е домот на Јовановски, па потоа и во домот на родителите на Јовановски.

Во истата зграда, „ТИМ и Пелистерка“, Милески бил и наредниот ден и тоа во два наврати, а бил и во „Аџибадем Систина“.

Во извештајот се вели дека следниот ден Милески бил во Охрид, додека Јовановски се движел низ Скопје.

На 15 јули минатата година од населбата Орман излегол Бојан Јовановски како совозач во возило „Ренџ ровер” и преку обиколница се упатиле кон клучката кон Приштина. За истото време, од Жданец, Зоран Милески отишол во ресторанот „Воденица“, каде бил лишен од слобода од страна на службени лица.

Во судницата ќе продолжи извештајот за ПИ-мерките, овојпат за второобвинетатата, ексшефицата на СЈО Катица Јанева.

Адвокатот Сашо Дуковски, бранител на Бојан Јовановски приговараше на ПИ-мерките.

„Одреден број од презентираните докази, беа со одредени манливости и спротивни на законот. Одредени посебни истражни мерки беа презентирани како измештаи без видео-материјал. За одреден број од овие посебни истражни мерки има само писмен извештај. Оваа мерка е кумулативна и не може да биде доказ само некој извештај. Имавме некои докази, каде беше прочитан извештај од МВР и даден краткотраен материјал кој не беше ист како извештајот. Не е постапено според закон”, рече Дуковски.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов