Мицкоски: Заев да не се крие позади скапо платените спотови и да прифати ТВ дуел

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика на ТВ дуел лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Јас и двете понуди за ТВ дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината. За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

„Се надевам дека Заев ќе се охрабри, нема да се крие позади скапо платените спотови, зарибана пропагандна машинерија и лажните вести и ќе прифати ТВ дуел. Па народот нека процени, затоа што тој никогаш не греши“, вели Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Време е за обединување околу клучните национални прашања

Горан Наумовски

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Мицкоски: Опозицијата да се вразуми и да работиме заедно

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Мицкоски: Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците