Градските власти во Барнсли, град на север во Англија, воведоа полициски час за помлади од 16 години во обид да намалат насилничко однесување.
Според одлуката, на помладите од 16 години ќе им биде забрането да бидат во центарот на градот од девет часот навечер до шест часот наутро без да бидат во друштво со полнолетни.
Пробниот полициски час почнува овој викенд и ќе трае шест месеци. Таквиот чекор го осудија од групата за заштита на човекови права Либерти кои соопштија дека воведувањето ограничено движење за млади е погрешно и тој случај мора да добие судска разрешница.