СДСМ: Обезбедуваме правда за сите, ја гарантираме европската иднина

Од:

„Со носењето на Законот за јавно обвинителство се постави основата за неселективна правда и за правосудство кое ќе гарантира одговорност и казнивост за секој што го прекршил законот.

Oгромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Желбата и потребата од правда ја победи алчноста за крадење народни пари.

Со овој Закон се гарантирана судска разрешница на сите започнати судски процеси и случаи иницирани од СЈО кои ќе се водат врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази“, велат од СДСМ.

„Нема скриена амнестија за никого, ниту за стари, ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста. Секој што допрва ќе го прекрши Законот ќе се соочи со одговорност.

Законот гарантира дека политичарите нема да избираат обвинители, ниту да одлучуваат за предметите. Ќе имаме независни обвинителски институции. Она кон кое се стремиме со децении и кое ни ја обезбедува европската иднина.

Намерата на ВМРО ДПМНЕ да ја загрози правдата и иднината на државата, не успеа. Ниту во иднина ќе дозволиме опозицијата да ја опструира европската перспектива. Ние нашите ветувања ги исполнивме, време е ЕУ да го исполни своето ветување, одлука за почеток на преговорите.

Ние не застануваме тука, продолжуваме по патот кон Европа. Тие еден чекор назад, ние три чекори напред!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски