Велика Британија денеска ја погоди бурата “Денис”, проследена со силни удари на ветер и обилни дождови, поради што беа издадени над 300 предупредувања за поплави ширум земјата, а особено критична е ситуацијата во јужен Велс.
На повеќе места на југот на Велс, покренати се свлечишта, од кои дел ги заробија жителите, а водата почна и да поплавува дел од куќите.
Во Англија на сила се четири предупредувања од највисок степен и две во Велс, што значи дека постои опасност по животот за жителите.
И во Херифордшир, Англија, беа поплавени домови, при што еден од жителите изјави дека невремето ги погодило како торнадо, пренесува “Би-Би-Си”.
Властите претходно ги предупредија граѓаните да се заштитат од поплави во Велс и Шкотска.
24 hours on the River Usk in South Wales watch it live here https://t.co/1Th5ThvQJl
#floodalerts #StormDennis #rain #Weatheraware #Floodaware #flooding #flood #dennisstorm pic.twitter.com/KgP9LaBrog— Glyn (@farsondigital) February 16, 2020
Локалните медиуми објавија дека реката Таф во велшкиот град Понтипол се излеала од коритото, а опасноста се заканува и од реката Нит во јужен Велс.
Како што пренесе „АП“, селото Абердарон било погодено од ветрови со сила од ураган што достигнаа брзина од 146 километри на час.
Поради силниот ветер, стотици летови беа откажани, а поплавувањето го наруши железничкиот сообраќај.
Според последните информации, најмалку две лица загинале во Велика Британија, а десетици илјади се соочуваат со хаос предизвикан од бурата “Денис”.
18-годишен маж се удавил во морето во Кент, а друг паднал од брод во близина на пристаништето Маргејт, соопшти „Дејли мејл“.
Во десетици градови кои сè уште ја санираат штетата предизвикана од минатонеделната бура Кјара, ангажирана е армија за засилување на одбраната од поплави.