Фудбалерите на Вардар славеа над Македонија Ѓ.П. со 3:1 во првиот меч по зимската пауза во домашниот шампионат.
Жуниор во 37-та минута, Ибиши во 49-та минута и Цветаноски во 60-та минута беа стрелци за „црвено-црните“, Паду во 67-та минута го постигна единствениот погодок за ѓорчепетровци.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелите Академија Пандев – Шкендија, Ренова – Силекс, Шкупи – Борец и Струга Трим Лум – Работнички. Вадар е лидер на табелата со 39 бода, 11 повеќе од Шкендија која има и меч помалку.
На третото, односно, четвртото место се Академија Пандев и Силекс кои досега собра по 27 бода. Петта е Македонија Ѓ.П. со 26, Струга Трим Лум има 24, Шкупи – 22, Борец – 20, Ренова – 19 и Работнички -15.