(ВИДЕО) Тунџев: Ги намаливме цените на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности до 50 отсто,

Од:

Директорот на Агенцијата на катастар за недвижности и член на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Борис Тунџев на граѓанската трибна „Агенда Инфраструктура 20-24“ зборуваше за реформите во Агенцијата за катастар и недвижности.

“Агенцијата за катастар за недвижности е сервисно ориентирана инситуција во служба на граѓаните и институциите.

Затоа така и треба да функционираме. Наследивме катастрофална ситуација во однос на квалитетот на информациите и многу неправди кон граѓаните”, рече Тунџев.

Незапишани парцели со сопственички права кочеа инфраструктурни проекти од државни интереси, дополни Тунџев.

Тунџев се осврна и на намалување на цените во Агенцијата за катастар на недвижности.

Во интерес на граѓаните и на сите правни субјекти го укинавме двојното плаќање за услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Почнавме со измена на тарифниците, сите цени во однос запишување на сопственички права ги намаливме од 20-50 отсто. До 70 отсто ги намаливме цените за запишување на хипотеки на недвижности што е од особена важност за граѓаните и компаниите кои работат на полето на градежништво, истакна Тунџев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он