Собранието денеска треба да гласа за законот за ЈО

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска во 13 часот треба да ја продолжи работата по 135-та седница, на чиј дневен ред се Предлог-законот за јавно обвинителство и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство заврши доцна синоќа, а гласањето, како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.

И изминатиот ден во фокусот беше законот за јавно обвинителство.

Премиерот Оливер Спасовски смета дека “во Собранието прво треба да се донесат сите закони, кои, како што рече, се многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори”.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера во Неготино изрази уверување дека законите ќе се донесат, Собранието на време ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека “не смее одново да се блокира и опструира донесувањето на законите за ЈО и за Советот на ЈО, кои се темелот на реформите во правосудството и гарантираат неселективна правда и одговорност за сите.

Мора да се создадат услови тие да се донесат пред распуштањето на Парламентот”.

“ДУИ апсолутно го поддржува законот за ЈО и законот за Советот на ЈО, апсолутно, недвосмислено цела пратеничка група почнувајќи од лидерот Али Ахмети се до последниот”, рече на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби.

Тој нагласи дека ДУИ не го условува со ниту еден закон, процедура или прашање донесувањето на законот за ЈО.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта се брза да го донесе овој закон за да се заштити од криминалите што ги има направено.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски