Француската полиција уапси 58-годишен маж кој 30 години илегално работел како архитект, градејќи неколку училишта и една болница.
Лажниот архитект е уапсен во Мант-ла-Жоли, во близина на Париз, каде ја надгледувал изградбата на една куќа.
Чудните одлуки на овој „надри“ архитект, го поттикнале сопственикот на куќата да се распраша за него во комората на архитекти.
Констатирајќи дека го нема во ниту еден регистар, го пријавил случајот во полиција.
Според весникот „Паризиен“, измамникот признал дека лажно се претставувал како архитект од 1983 година.
Се утврдило дека меѓу 2009 и 2013 година склучил неколку зделки вредни 926.000 евра за кои сега ќе мора да одговара пред суд.
За претходните дела нема да биде гонет, бидејќи тие во меѓувреме застареле.