Италијанскиот претседател размислува за оставка поради новите избори

Од:

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано ја разгледува можноста да поднесе оставка за да овозможи одржување нови парламентарни избори, откако оваа недела пропаднаа обидите за формирање влада, изјави извор запознаен со ситуацијата.

– Таа идеја се разгледува заедно со многу други, рече изворот, додавајќи дека претседателот веројатно подоцна ќе објави соопштение околу тоа.

Сите водечки италијански весници пишуваат дека Наполитано (87), чиј мандат се завршува на 15 мај, размислува за оставка поради тоа што претседателот според Уставот нема право да го распушти Парламентот во последните месеци од мандатот.

Наполитано вчера разговараше со лидерите на водечките партии во обид да пронајде начин за излез од политичката блокада во која земјата се најде од февруари и која внесе страв од долготрајна неизвесност во третата економија по сила во еврозоната.

Доколку Наполитано би поднел оставка, новиот претседател би морал да биде избран на заедничка седница на Парламентот со претставниците на регионите. Ако новоизбраниот претседател би го распуштил Парламентот, новите избори би биле одржани 45 до 70 дена подоцна.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски