Потрошувачите ќе се едуцираат за безбедноста на храната

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска на потрошувачите ќе им ги претстави едукативните летоци за безбедноста на храната, преку кои тие ќе се информираат за општите и посебните означувања.

Летоците информираат за читањето на означувањето на прехранбените производи, за оозначувањето на адитивите, на генетски модифицираната храна, на алергените состојки, како и истакнувањето на нутритивните и здравствените тврдења.

Презентацијата ќе се одржи во Веро центарот од 11 до 13 часот, во  присуствуво на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. Тим на Агенцијата во истото време ќе ги промовира информативно-едукативните летоци и во супермаркетот Тинекс во ТЦ Зебра во населбата Капиштец.

Настанот е во рамки на проектот „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната“  што Агенцијата за храна и ветеринарство го реализира во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија и е дел од Програмата на Владата за заштита на потрошувачите.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава