Кривична пријава за убиство во обид за печалбарот кој пукаше во родителите во Гостивар

Од:

Гостиварецот Ј.С. (49), кој вчера ги рани своите родители и ја вознемири гостиварската јавност, со кривична пријава за убиство во обид и поседување опасно орудие без дозвола е изведен пред истражен судија во Основниот суд Гостивар.

По извршениот увид е утврдено дека во дворот и внатрешноста на куќата на неговите родители на улицата „Мара Угринова“ 11, се случувала вистинска драма, која траела петнаесетина минути, во која за среќа има само двајца ранети. Ј.С. од револвер „симт-весон“ 357 магнум испукал најмалку 127 куршуми, а биле најдени уште 18 куршуми.

Според СВР Тетово, веднаш по пријавата, повеќе полициски службеници излегле на местото на настанот. Осомничениот без поголеми проблеми бил приведен, откако се предал на повиците на полицијата.  Првично, повод за несекојдневниот настан било нетрпение и нерасчистени имотно-правни односи, поради кои Ј.С. сакал да ги лиши од живот своите родители.

Неофицијално, пред настанот, Ј.С. дошол од Швајцарија каде работел и му се јавил на синот по телефон за да му каже дека ќе ги убие неговите родители. Со револверот почнал да пука откако влегол во дворот, а потоа и во подрумот, каде таткото С.С и мајката Ш.С. побарале засолниште. Гневниот син и претходно имал изливи на бес, а наводно и психички лабилна личност.

Информацијата дека имало пукање во непосредна близина на детската градинка “Пролет”, вчера  го привлече вниманието на гостиварската јавност и предизвика вознемиреност, особено на родителите чии деца престојуваат во градинката.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски