СДММ: Студентите се прогресивната движечка сила на позитивните промени во нашето општество

Од:

Членови на СДММ денескаа се сретнаа со студенти, на која се дискутираше за состојбите и политките кои треба да се спроведат во иднина, за демократските состојби во моментот и следните чекори кои треба да се преземат.

“Важно ни е да го слушнеме мислењето, препораките и идеите на сите млади, со цел да креираме сеопфатна програма која ќе ги отсликува реалните потреби на младите”, истакнаа од СДММ.

На денешната средба се разговараше за мерките кои се спроведени, до сега, како донесениот Закон за високо образование кој овозможува студентите сами да ги бираат своите претставници на фер и демократски избори.

“За прв пат зборуваме за независност во студентското организирање, а студентите имаат суштинско учество во телата за одлучување во високообразовните институции и универзитетите.

Позитивна е и реакцијата на студентите за мерката на Владата на Република Северна Македонија за Субвенциониран студентски оброк, затоа што за првпат ќе имаат можност да искористат поволности и да купат здрав оброк по пониска цена.

Дополнително на средбата, студентите имаа можност да предложат конкретни мерки со цел подобрување на студентскиот стандард и овозможување подобри услови за секој студент.

Студентите се онаа движечка сила којашто е предвесник на сите позитивни процеси што се случуваат во нашето општество – затоа го слушаме студентскиот глас”, истакнаа од СДММ.

Би можело да ве интересира

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ