Нелегален превозник нападнал инспектор на граничниот премин Делчево

Од:

Инспектор нападнат од страна на див превозник на граничниот премин Делчево. Нападот е пријавен во делчевската полиција, од каде го потврдија случајот.

На граничен премин Делчево од слобода е лишен Д.Г (58) од с.Ѕвегор, Делчевско.

Лицето физички нападнал инспектор од Државниот инспекторат за сообраќај и транспорт при обид да изврши претрес на патничко возило ,,опел” со бугарски регистерски таблици, кое тој го управувал. Д.Г. бил приведен во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор, се вели во соопштението од полицијата.

Инцидентот го потврдија и од Здружението на превозници во патниот сообраќај, од каде го осудија нападот врз инспекторот.

Апелираме до надлежните да ги преземат соодветните мерки, а дополнително бараме да се стави ред со дивите превозници во патничкиот сообраќај, велат од Здружението на превозници.

За сторителот е најавена пријава откако целосно ќе биде документиран случајот.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок