Прва средба на министерот Чулев со акредитираните полициски аташеа во земјава

Од:

Министерот аа внатрешни работи Наќе Чулев денеска во турскиот амфитеар во Центарот за обука во Идризово оствари прва непосредна работна средба со меѓународните партнери кои не поддржуваат во севкупните напори за реформи во полицијата.

Работната средба, соопштија од МВР, претставува заедничка координативна средба од информативен карактер на претставници на странските акредитирани амбасади во земјава и во странство и на меѓународни и регионални организации, на која е направена ретроспектива на постигнатите активности во 2019 година со јасна споредба на оние постигнати во 2018 година, а беше поставена основа и дадени сугестии за натамошни компарации при нашите средби оваа 2020 година.

– Во насока на исполнување на приоритетите и стратешките цели на Министерството за внатрешни работи, но и од аспект на зголемување на траспарентноста и отчетноста за работењето на министерството, од овој месец, започнуваме серија презентации наменети првенствено за полициските аташеа/службеници за безбедност акредитирани во и за земјата, истакнал во поздравното обраќање пред присутните полициски аташеа министерот Чулев.

Би можело да ве интересира

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен