Спасовски: На местото на Мизрахи опозицијата нека предложи некој од пратениците кои гласаа за Протоколот за НАТО

Од:

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по барањето за разрешување на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи предлага опозицијата на нејзино место да постави некој од пратениците кои гласале за Протоколот за НАТО. Спасовски рече дека очекува опозицијата да постапи мудро по барањето за разрешување на Мизрахи одговарајќи на новинарско прашање како ќе се разреши проблемот со евентуално испразнето министерско место во техничката Влада.

„Јас го дадов предлогот до Собранието за разрешувањето на постојната министерка за труд и социјална политика, но немам дадено предлог кој да биде, тоа останува на опозицијата. Јас очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат којшто ги почитува Уставот и законите, на пример еден од пратениците коишто гласаа за Северна Македонија при Протоколот за НАТО. Еве можно решение, одлуката е нивна. Кого сакаат нека го дадат, јас ќе го прифатам’“, рече премиерот Спасовски.

Тој уште еднаш повтори дека нема да прави компромиси кога станува збор за непочитување на Уставот и законите.

„Нема нешто поважно во државата од тоа до ги почитувате Уставот и законот. Јас кажав вчера, јас можам да правам компромиси и да разговараме за политички теми, можеме да бараме решенија за тие теми ама да правам компромис за почитување на Устав и на закон и посебно на министер којшто даде свечена изјава пред Собранието дека ќе го почитува Уставот, тоа нема да се случи“, вели премиерот Спасовски.

Протоколот за НАТО во Собранието беше изгласан со 114 гласови од вкупно присутни 116 пратеници. Не гласаа само пратениците Зоран Ѓорѓиевски и Зоран Илиоски, двајцата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада