Османи и Димитров ја започнаа работната посета на Париз на средба со Клеман Бон

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ја започнаа работната посета на Француската Република каде остварија средба со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон.

„Радува фактот што првичните впечатоци се дека новата методологија отвора можност за суштинско унапредување на процесот на преговори во секоја смисла; како од аспект на силната политичка контрола и водење на процесот, така и во смисла на неговата кредибилност, предвидливост и цврсто почитување на принципот на заслуги“, истакна Османи, изразувајќи надеж дека со овој нов моментум ќе се создадат и предуслови во пресрет на претстојните дискусии во Советот на ЕУ, за остварување консензус меѓу земјите членки, за одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија, пред Загрепскиот самит во Мај, посветен на Западниот Балкан.

Министерот Димитров во таа насока подвлече: „Сакаме да бидеме пример за регионот во примената на новиот пристап. Одлуката за преговори означува почеток на еден динамичен и напорен процес. Северна Македонија нема да се штеди и е решена да го изоди тој пат”.

Во рамки на посетата на Париз, Османи и Димитров ќе остварат средба и со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, а ќе се сретнат и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Денешната посета на Француската Република на Османи и Димитров се одвива во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање на одлука за почеток на пристапните преговори.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски