Потпишан нов Договор за соработка во одбраната со Обединетото Кралство

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по вчерашната сесија на Северноатлантскиот совет, на одвоена средба со министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Волис потпишаа нов Договор за соработка во одбраната.

Како што денеска соопштија од МО, овој договор помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, ќе го замени постојниот Договор за билатерална соработка од 2007 година.

Шекеринска и Волис се согласиле дека овој договор ќе овозможи уште поблиска и посеопфатна соработка помеѓу две пријателски и сојузнички земји и армии.

– Исклучително го цениме фактот што сте посветени и помагате во трансформацијата на нашата Армија. Со новиот Договор за одбранбена соработка нашата одбранбена соработка ќе прерасне во соработка на две сојузнички земји, рекла министерката Шекеринска на средбата.

Министерот Волис изразил задоволство што процесот до полноправно членство на нашата земја во НАТО е во самиот финиш и посочил дека Обединетото Кралство интензивно го поддржува развојот и реформите во одбраната и Армијата.

Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат исклучително интензивна соработка во областа на одбраната особено во доменот на одбранбената политика, мировните операции, обуките и вежбите, а во последните неколку години и во делот на советодавната помош во развојот и реформите на одбранбениот сектор, имплементацијата на Стратегискиот одбранбен преглед и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, како единица декларирана во рамки на Алијансата.

Од 2017 година, Велика Британија има упатено неколку советници за одбранбени прашања во Министерството, а во моментов бригадниот генерал Хју Лојд Џонс дава експертска поддршка на процесот на трансформација на Армијата и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска