Врачување на годишните награди на Друштвото на писателите

Од:

Во Друштвото на писателите денеска напладне ќе бидат врачени наградите за проза, поезија, есеј и за литература за деца за 2019 година и воедно ќе биде одбележана 73-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.

Јован Стрезовски е добитник на наградата за проза „Стале Попов“ за книгата „Чувар на тајни“, на Панде Манојлов му е доделена наградата за поезија „Ацо Шопов“ за поетската книга „Јужни реки“, Катица Ќулавкова за книгата „Поредокот на слободата: интерпретативен синкретизам“ е добитник на наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеј и Зоран Пејковски за книгата „Мали детски разговори“ е годинашен добитник на наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

На свеченоста во ДПМ жири-комисиите ќе ги изложат образложенијата за своите одлуки и ќе бидат претставени книгите и нивните автори.

На конкурсот на ДПМ распишан во декември за најдобри книжевни остварувања во 2019-та пристигнале 57 наслови.

Оваа година нема да биде доделена петтата годишна награда – „Книжевен мост“ за книга објавена на некој од јазиците на националностите, затоа што, според жирито, пристигнатите книги во оваа категорија не ги исполнуваат жанровските и естетските критериуми.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска